Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВИ 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Повторно задолжување оваа недела!

НОВИ 5,5 МИЛИОНИ ЕВРА: Повторно задолжување оваа недела!

После минатонеделните двојни задолжувања од 31 милиони евра преку аукција на државни записи и обврзници , државата утре повторно ќе се задолжи од домашните кредитори.

На аукцијата ќе бидат понудени  државни обврзници во вредност од 3,87 милиони евра кои треба да се вратат за 15 години и државни записи за 1,626 милиони евра со рок на отплата од 12 месеци.

Oна што најмногу ги загиржува експертите е исплатата на плати и пензии, а притисок ќе создадат и новите ветувања на власта како зголемени пензии и социјална помош,  бесплатен превоз за студентите .

Дополнителниот заменик министер за финансии кој беше назначен согласно договорот од Пржино, Кире Наумов пред неколку дена ги коментираше задолжувањата на домашниот пазар на капитал.

Тој вели дека со првото задолжување за новата 2016 година  се реализирале 5% од планираниот дефицит за целата  2016 година.

Наумов предупредува дека со ваквото темпо на задолжување веќе во месец мај планираниот дефицит за целата 2016 година ќе биде реализиран.

Тој упати остри критики кон премиерот Груевски и министерот за финансии Ставрески кои, вели Наумов, ги задолжиле граѓаните со нови 15.5 милиони евра нето долг.

„Груевски и Ставрески  се водат од девизата ПОСЛЕ НАС ПОТОП“, вели Наумов.

Имено, дополнителниот заменик министер ги повика банките да бидат внимателни при купувањето на овврзници.

- Како најголеми доверители банките, пензиските друштва и осигурителните компании мора да имаат предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување. Од тие причини на ден 22.12.2015 година е поднесена тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната изборна комисија, која беше донесена од состав со истечен мандат и надвор од неговите законски надлежности, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести