Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 42 илјади евра за Пајтонот и 195 илјади евра за нова Вртелешка!

Нови 42 илјади евра за Пајтонот и 195 илјади евра за нова Вртелешка!

Нови 42 илјади евра за Пајтонот и 195 илјади евра за нова Вртелешка

Градот Скопје ќе му даде на ЈП Паркови и зеленило субвенции во износ од речиси 384 илјади евра. Од овие пари 42.276 евра се за одржување на „Пајтонот“, 195.121 евра за набавка на нов „Карусел“, останатите субвенции се за Фестивал на цвеќето, набавка на котел за стаклениците и машина за производство на расад.Парите се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. 

„Со субвенцијата, наменета со оваа одлука, треба да се надоместат трошоците  за одржувањето на Пајтонот што ги има “Луна” ДОЕЛ-субјект формиран од Ј.П. “Паркови и зеленило”, трошоците поврзани со одржување на Цветниот фестивал, средства за набавка на котелот, кој ќе биде во функција на загревање на стаклениците, со кои управува Флораком ДООЕЛ формиран од Ј.П. “Паркови и зеленило”, средствата наменети за набавка на машина, за производство на расад, со кои ќе се овозможи производство на расаден материјал, кои ќе биде во функција на создавање на ново зеленило, како и за набавка на реквизит „Карусел“, стои во образложението на Градот Скопје.

За предлог одлуката за субвенциите за ЈП Паркови и зеленило, советниците на Градот треба да одлучуваат на утрешнта седница на Градскиот Совет. 

Откако е набавен Пајтонот, истата сума од 42 илјади евра од градската каса се одвојува секоја година за негово одржување. Инаку Пајтон со двата коњи липицанери почна да вози во центарот на Скопје во 2013 година.Тендерот за набавка на пајтонот го доби компанијата „Технометал Вардар“, а Градот Скопје за оваа атракција плати 14.000 евра, плус 18.000 за набавка на двата бели коњи липицанери донесени од Грција. Истата година на плоштадот Македонија се постави и вртелешката (Каруселот), чија што набавка чинеше 160.000 евра. Новата вртелешка е предвидено да се постави на плоштадот Филип втори.И оваа вртелешка како и старата ќе се купи од  „Технометал Вардар“. На тендерот понуди доставиле две компании, но едната немала уредна документација.

Инаку според податоците од Буџетот на Град Скопје, за годинава ЈП Паркови и зеленило е планирано да добие вкупно 514 илјади евра субвенции од Градот и за други намени.

Т.С 


Слично

Поврзани вести