Нови 38 вработувања во Министерството за финансии – погледнете кои позиции се бараат
Министерството за финансии во дневните весници денеска објави оглас за вработување на 38 државни службеници на најразлични позиции. Се бараат државни советници, раководители и п0мошници раководители на сектор, раководители на одделенија, советници, виши и помлади соработници.
Најниската плата е 20.170 денари за државен службеник од рангот помлад соработник, а највисоката - 58.087 денари за позицијата Раководител на сектор за финансиска инспекција во јавниот сектор - Главен инспектор.
Потребните квалификации за сите работни места и условите за аплицирање можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Ова е трет поголем оглас за вработување во државна институција во изминатите неколку дена. Пред три дена Владата објави оглас за вработување на 113 државни службеници, од кои 85 во Генералниот секретаријат на Владата, а уште 28 во Канцеларијата на премиерот Никола Груевски.
Слично
