Нови 24 акционери се приклучија кон кривичната пријава на ЈО против менаџментот на компанијата
Уште 24 нови акционери до вчера се приклучија кон кривичната пријава на Јавното обвинителство против менаџментот на нафтената компанија „Макпетрол“, со што вкупниот број на мали акционери кои се против политиката на првите луѓе на оваа компанија порасна на 40.
Минатата недела 16-мина од нас се приклучија кон кривичната пријава од ЈО за 21 лице вмешано во незаконско прелевање капитал кон командитното друштво со акции „Оилко". Сите ние, како и новите акционери кои се приклучија сега, имаме добиено отказ од „Макпетрол" откако се посомневавме во законитоста на зделките, со прашање како е можно сите овие години нафтената компанија да трпи загуби, а „Оилко" да генерира профити. Нашиот страв од банкрот на Макпетрол, а со тоа пропаѓање на нашите акции, е реално оправдан, дотолку повеќе што 70% од вкупниот број на акции на Макпетрол се наоѓаат во сопственост на физички лица.
Најновите извештаи од берзата го потврдуваат она што го говориме. И официјално стои дека Макпетрол инкасирал помалку пари од продажба на нафта и нафтени деривати за првите шест месеци од годинава, поточно за 8%. Во споредба со истиот период лани, годинава компанијата направила двојна загуба од 4,1 милион евра.
Но затоа пак, на Оилко му оди одлично. Во првите шест месеци од годинава приходите од продажбата изнесуваат 3,1 милион евра и се зголемени за 16% во споредба со лани. Наспроти загубата на Макпетрол, Оилко има добивка од 700.000 евра, што е 7 пати повеќе од лани. Е па повеќе од ова не е потребно.
Иако менаџерите го оправдува падот на продажбата со намалената цена на нафтените деривати, ние знаеме дека тоа е поради продолжувањето на испумпување пари от Макепетрол на сметките на Оилко. Тое е уште еден чекор кон уништувањето на нашата компанија, чии сопственици сме ние акционерите, па затоа ги повикуваме сите наши колеги уште помасовно да ни се приклучат кон кривичната пријава од Јавното обвинителство и со своите искази да помогнат главните виновници конечно да бидат сместени зад решетки.
МВР на 13 август годинава поднесе пријава против менаџментот на Макпетрол за незаконско одлевање на средствата од Макпетрол во Оилко.
