Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нови 125 војници примени во АРМ

Нови 125 војници примени во АРМ

Македонската армија од денеска е засилена со нови 125 професионални војници кои поминале ригорозен процес на селекција при кој докажале дека се најдобри меѓу најдобрите.

Министерот Јолески им посака подготвеноста и енергијата, амбицијата и желбата за успех нека бидат основата на која ќе се темели напредокот во нивната кариера, напоменувајќи при тоа дека важен елемент за успешна армија е високо обучениот, мотивиран и квалитетен професионален воен персонал.

Јолески на денешната свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници во служба на АРМ напомена за спроведените бројни реформи во одбраната, меѓу кои е и трансформација на АРМ која се очекува да заврши годинава.

„Со тоа успеавме да ги групираме единиците и командите во поефикасна и поефективна воена структура. Со приемот на овие нови професионални војници, на добар пат сме до крајот на 2015 година да ја постигнеме и посакуваната пополна на командите и единиците со потребниот високо квалитетен, способен, мотивиран и обучен персонал, рече меѓу другото министерот.

Слично

Поврзани вести