Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новаци и Могила под вода, ќе се сече патот до РЕК „Битола“

Новаци и Могила под вода, ќе се сече патот до РЕК „Битола“
Состојбата во Битола е алармантна, информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Општините Могила и Новаци се под вода., а на пет места е пробиен насипот на река Црна и водата неконтролирано истекува. Во Новаци е поплавен и манастирот. novaci manastirotОд тие причини, со дозвола на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски ќе се сече регионалниот пат кој води до РЕК „Битола“ за да се испушти водата која се заканува да го поплави целото село Новаци. „Добивме дозвола од министерот Миле Јанакиевски да го сечеме патот со цел да направиме вештачки испуст на водата која е надојдена. Поплавувањето на село Новаци е веќе започнато од синоќа, ги имаме евакуирано и првите луѓе но за да се спречи уште поголема катастрофа решивме да го преземиме овој чекор“, рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски. Според ДЗС, во општина Могила загрозени се Вашарејца и село Ношпал, а во општина Новаци се поплавени штали и куќи. Во Штип и Кочани, пак, состојбата е смирена, но водата сѐ уште не е за пиење. Дирекцијата во моментот има ангажирано вкупно 56 градежни машини.
Слично

Поврзани вести