Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата српска Влада ќе има 16 министерства

Новата српска Влада ќе има 16 министерства
Вкупно 16 министерски ресори ќе има новата српска Влада на Александар Вучиќ или два помалку во однос на досегашниот кабинет. Измената е направена со предлог за измена на Законот за министерства, кој веќе е доставен во српското Собрание. Во Владата ќе има Министерство за финансии, Министерство за економија, Министерство за земјоделство и заштита на животната средина, Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Министерство за рударство и енергетика, Министерство за трговија, туризам и телекомуникации, Министерство за правда, Министерство за државна управа и локална самоуправа, Министерство за внатрешни работи, Министерство за надворешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Министерство за труд, вработување, боречки и социјални прашања, Министерство за млади и спорт и Министерство за култура и информирање. За законските измени со кои се скратуваат два досегашни ресори српското Собрание ќе расправа веќе од утре.
Слично

Поврзани вести