Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата година во Србија донесе либерализација на пазарите на струја и гас

Новата година во Србија донесе либерализација на пазарите на струја и гас

Со почетокот на 2013 година, во Србија доаѓа до либерализација на дел од пазарите на електрична енергија и гас, за потрошувачите кои во иднина ќе мораат да купуваат струја и гас на слободните пазари.

Со новиот закон за енергетика, либерализацијата на пазарите за електрична енергија ќе важи за 27 големи индустриски потрошувачи кои сочинуваат 9,5 отсто од потрошувачите во земјата, а ќе биде отворено и 40 отсто од пазарот за гас.

Инаку потрошувачите на струја за кои почнува либерализацијата на пазарот ќе можат да склучат договор за снабдување со еден од 20-те активни снабдувачи, кој ќе го изберат на пазарот.На слободниот пазар за електрична енергија од 2014 година ќе се најдат и околу 4.000 потрошувачи на среден напон.

Од 2015 година либерализацијата ќе важи за 82 отсто потрошувачи на гас, како и за домаќинствата и малите купувачи на електрична енергија.

Слично

Поврзани вести