Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата фирма задолжена за спомениците во Центар е ЛУПУС, ребрендирана!

Новата фирма задолжена за спомениците во Центар е ЛУПУС, ребрендирана!
Општината Центар склучи договор со фирмата „МДН Обезбедување“ ДОО Скопје, која ќе биде задолжена за обезбедувањето на спомениците на терторијата на оваа општина. Оваа задача претходно им беше доделана на агенцијата за обезбедување ЛУПУС, но како што велат од општината, договорот завршил. Всушност станува збор за иста фирма која сега е само ребрендирана. За обезбедувањето општината на „МДН“  ќе и плати близу 120.000 евра. Договорот е со времетраење од две години. Од општината велат дека согласно договорот „МДН“ ќе  има обврска 24 часа да ги чува сите фонтани и спомен обележја кои се поставени и кои во следниот период ќе се постават а кои се во сопственост на Општина Центар, а обезбедувањето ќе се вршело патролно и физички, со цел да се спречи уништувањето на спомениците.
Слично

Поврзани вести