Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новата филтерска постројка во „Макстил“ ќе профункционира до 15 јануари

Новата филтерска постројка во „Макстил“ ќе профункционира до 15 јануари
Драстичниот пад на побарувачката, инвестицијата за отпрашување во висина од 10 милиони евра кои фабриката мораше да ги потроши за заштита на животната средина и обезбедување на А интегрирана еколошка дозвола, значително ги зголемија трошоците и допринесоа шеста година по ред Макстил да заврши со намален капацитет на работа. Тоа пак предизвика топилницата на крајот од 2014 годинава да брои огромни загуби кои треба да ги покрие со 5,2 милиони евра. Од Макстил велат дека работат со помалку од половина инсталиран  капацитет, што не овозможува ниту минимална рентабилност. Од компанијата велат дека нарачките за првиот квартал се скромни, а прогнозите за 2015-та не се оптимистички. Според претседателот на Одборот на директори на „Макстил“, Минчо Јорданов во нормални економски услови металургијата е генератор на економскиот раст, но при  рецесија очигледен е негативен контра ефект. „Маталургијата влијае со 80% на растот на економијата и на БДП, но важи и обратното рецесијата со 80% влијае негативно на металургијата“, изјави Минчо Јорданов, претседател на одборот на директори на Макстил. Од компанијата велат дека уште еден горливи проблем што спречува рентабилно работење е што за разлика од големите земји како Русија и Украина компанијата во земјава плаќа многу поголеми цени за транспорт и енергенс што пак ја прави помалку конкурентна на светскиот пазар. „Макстил не бара финасиска помош од Владата за надминување на сосотојбата, туку бара понисики цени на енергијата и на транспортот“ - истакна претседателот на Одборот на директори на „Макстил“, Минчо Јорданов.  
Слично

Поврзани вести