Новата еврообврзница понудена со камата од 5 проценти
Македонија веќе ја понуди новата еврообврзница, а камата е 5%, објави денеска Ројтерс.
Еврообврзницата е со рок на доспевање од 7 години. Таа ќе биде издадена во евра и засега не се знае дали ќе биде во износ од 650 милиони евра или помалку. Ситигруп, Дојче Банк, Ерсте груп и СГ ЦИБ се главните менаџери.
Македонија е рангирана со оценка ББ- (стабилнен крдитен рејтинг) од Стандард и Пурс и ББ+ ( негативен кредитен рејтинг) од Фич.
За нашата земја ова е петта еврообрзница, со најголем износ досега. Владата во 2014-та се задолжи со 500 милиони евра, а лани со 270 милиони евра. Во вторник државата повторно планира да се задолжи на домашниот пазар. На веб-страницата на Министерството за финансии стои дека се предвидени аукции на државни хартии од вредност. Минатиот вторник наместо 5,4 милиони евра, државата зема 12,6 милиони евра заем од домашните кредитори.
Во рок од две и пол години, заедно со новата еврообврзница од 650 милиони евра, Македонија ќе се задолжи во странство за 1,42 милијарди евра.
