Новата антикорупциска партија победи на изборите во Бугарија
Новата бугарска партија „Продолжуваме со промените“, создадена на бранот масовни протести против корупцијата, освоила најмногу гласови на денешните предвремени парламентарни избори, покажуваат резултатите врз основа на излезната анкета.
Според излезната анкета на агенцијата Галуп, таа центристичка партија освоила 25,8 отсто од гласовите, многу повеќе од очекуваното, а на второ место е коалицијата на до неодамна владејачката конзервативна партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, која има околу два отсто помалку.
Според излезната анкета, во парламентот влегуваат уште пет листи со 240 пратенички места.
Меѓу нив се коалицијата околу Бугарската социјалистичка партија (БСП) на Корнелија Нинова, која има 14,4 отсто од гласовите, партијата на турското малцинство со 10,2 отсто и антиелитистичката, популистичка партија „Има таков народ“ со 8,1 отсто.
Партијата на ТВ водителот Слави Трифонова забележа многу полош резултат од изборите во јули, исто така вонреден, кога го зазеде првото место.
Во пресрет на гласањето, аналитичарите оценија дека многу гласачи на партијата „Има таков народ“ од јулските избори во меѓувреме се свртеа кон партијата Продолжуваме со промената.
Во парламентот влегуваат и либералната коалиција Демократска Бугарија со 7 отсто и националистичката партија Препород која има 4,3 отсто.
Конечните официјални резултати би можеле да бидат објавени за неколку дена.
Доколку се потврдат резултатите од излезната анкета, мандатот за состав на нова влада ќе го добие 41-годишниот претседател Кирил Петков, лидер на партијата Продолжуваме со промените.
Бугарите денеска гласаа и на претседателските избори кои немаат посебно значење, со оглед на тоа што се работи за доминантно церемонијална функција.
Актуелниот шеф на државата Румен Радев, кој е поддржан од коалицијата околу социјалистите, има убедлива предност, но во вториот круг ќе се бори за втор петгодишен мандат бидејќи не излегле потребните 50 отсто од гласачите. денес.
Негов противкандидат на 21 ноември ќе биде универзитетскиот професор по литература Анастас Герџиков, поддржан од партијата ГЕРБ.
