Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВАК ЈА ТУЖИ АВСТРАЛИЈА-ПОЗНАТА СУМАТА КОЈА ЈА БАРА: Сакаше титула во Мелбурн, сега ќе им земе милиони!

НОВАК ЈА ТУЖИ АВСТРАЛИЈА-ПОЗНАТА СУМАТА КОЈА ЈА БАРА: Сакаше титула во Мелбурн, сега ќе им земе милиони!

Најдобриот светски тенисер размислува да покрене тужба против Австралија.

Најдобриот светски тенисер деновиве разговара со своите адвокати и размислува да поднесе тужба против Австралија, пренесува британски „Сан“.

Новак Ѓоковиќ, кој беше депортиран од Австралија непосредно пред почетокот на првиот Грен слем сезонава, иако имаше важечка виза, на крајот од таа судска постапка би можел да биде побогат за речиси четири милиони евра!

Според текстот на Британците, Новак одлуката за тужба ќе ја донесе во договор со правните советници, а веќе започнал разговори на таа тема.

Не е тајна дека Ѓоковиќ и неговото семејство сметаат дека не бил соодветно третиран во текот на 11-те дена во Мелбурн, кога се обидуваше да докаже дека нема никакви пречки за неговото учество на Австралија опен.

"Познато е дека Новак и неговото семејство веруваат дека бил третиран лошо за време на карантинот во хотелот во Мелбурн. Неговата мајка открила дека собата е полна со инсекти. Го држеле како затвореник", рекол извор близок до тенискиот агент на играчот за британските медиуми.

Проблемите на Новак потоа започнаа на аеродромот, бидејќи тој со часови беше испрашуван и не му беше дозволено да контактира со семејството, адвокатите или челниците на првиот Грен слем во сезоната. Телефонот му бил одземен неколку часа, а тој практично цела ноќ ја поминал во една просторија, под надзор на полициски службеници.

Хаосот продолжи и во хотелот за имигранти, каде најдобриот тенисер на светот немаше услови за тренинг, но и за нормален живот. Неговите работи му биле одземени, не можел да тренира, а храната што ја добивал не била приспособена на неговата исхрана.

Потсетуваме, Новак Ѓоковиќ победи на суд и доби дозвола да тренира пред Австралија опен, но министерот Алекс Хок повторно го започна процесот на одземање виза.

Поради тоа на Ѓоковиќ му беше ускратено правото да ја брани титулата освоена во претходните две сезони. „Сан“ наведува дека Ѓоковиќ ќе бара отштета од 3,8 милиони евра, а во тоа е вклучен и наградниот фонд на Австралија опен - бидејќи шампионот на тој турнир би добил околу 2,5 милиони. Покрај тоа, Новак имаше и трошоци за сместување на својот тим, авионски билети, но и две проби кои воопшто не беа евтини.

Слично

Поврзани вести