Економија, финансии, бизнис

Контакт

Новак Ѓоковиќ е заразен со коронавирус

Новак Ѓоковиќ е заразен со коронавирус

Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е заразен со коронавирус. Најдобро рангираниот тенисер објави дека и неговата сопруга е заразена со вирусот, додека тестовите на нивните деца се негативни.

Претходно, други тројца тенисери Борна Ќориќ од Хрватска, Григор Димитров од Бугарија и Виктор Троицки од Србија објавија дека се позитивни на вирусот откако учествуваа на турнирот Адрија во Белград кој го организираше Ѓоковиќ.

Според последните податоци во Србија има заразени уште 102 лица, а едно лице почина. Во последните 24 часа тестирани се 6.025 граѓани. 

Но, земјата ја тресе скандал. 

Повеќе од 630 смртни случаи од коронавирусот имало во Србија, а најголемото потенцијално прикривање било во Ниш, покажуваат податоците на информативниот систем „Ковид19“, до кои имала пристап истражувачката мрежа БИРН.

Слично

Поврзани вести