Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова законска регулатива за медиумите – Колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите?!

Нова законска регулатива за медиумите – Колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите?!

По одржување на јавната расправа за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги предвидена на 13 август годинава ќе се донесе одлука за тоа колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите за двата закона.

Казнените одредби, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација,  се дефинирани во новата законска регулатива за медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги.

Одлуката за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење ресорното Министерство ја донесе по одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите.

Крајно спротиставени беа мислењата на медиумските работници и експерти кои два дена беа дел од јавната расправа, која се одржа во Собранието на Република Македонија за Предлог законот за медиуми.

Дел од новинарите и новинарските асоцијации сметаат дека законот не е потребен и бараат итно повлекување.

Оние кои застанаа во одбрана на законот за медиуми се уверени дека по изгласувањето на законот ќе се стави ред во новинарството и медиумската сфера во земјава.

Според Ивановски, регулативата ќе обезбеди независно новинарство, слобода на изразување, поголеми права на новинарите и поголеми обврски за сопствениците на медиумите, се со цел да овозможи развој на медиумскиот сектор.

Меѓу предлозите кои им беа упатени до пратениците на јавната расправа за предлог законот за медиуми, со цел да се подобри регулативата и да се усогласи со барањата и потребите на новинарскиот свет, новинарката Мирка Велиновска побара во медиумската сфера да се воведе лиценца за пропагандист новинар, која ќе разграничи што е објективно новинарство, а што диктирано.

Од друга страна пак, новинарите кои не го одобруваат законот, повторно побараа тој да биде повлечен затоа што правните акти кои ги содржи веќе се дел од постоечкиот закон за радиодифузна дејност.

Според претседателот на Синдикатот на новинари, Тамара Чаусидис, проблем претставуваат последиците кои ќе се појават по воведувањето на законот, а при што на удар ќе бидат критички поставените новинари.

Слично

Поврзани вести