Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ВРЕДНОСТ НА БИТКОИНОТ: За три дена се случија нагли промени

НОВА ВРЕДНОСТ НА БИТКОИНОТ: За три дена се случија нагли промени

Биткоинот денеска загуби од својата вредност, така што цената „падна“ под 7.000 долари. 

Тоа е за 1.000 долари пониска вредност за разлика од пред само 3 дена, што придонесе за пад на вредноста и на некои од другите големи дигитални валути, пренесува „Bloomberg“.

Најголемата криптовалута по пазарна капитализација се обезвредни за 6% во првиот ден од седмицата. Растот на цената од минатата недела, кој ја зголеми нејзината вредноста со речиси една третина, изгледа се намалува во позадина на предизвикувачката техничка слика.

Серијата од пониски растови од последните денови покажува како моментите активности пропаднаа во градењето на вистинска инерција и тренд, коментира „Bloomberg“.

„Биткоинот и пазарот на крипттовалути изгледаат ранливи во почетокот на август“, пишуваат аналитичарите од „Bloomberg Intelligence“. „Индикацијата за понудата, побарувачката и цените остануваат негативна“.

Кај етериумот има пониска нестабилноста и цената останува 414 долари, нивото кое беше и во неделата. 

Слично

Поврзани вести