Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова владина одлука: Електронски наместо хартиени фактури

Нова владина одлука: Електронски наместо хартиени фактури

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма - pdf или друг електронски формат. Ова се измените на Законот за данокот на додадена вредност кој вчера ги усвои Владата.

Ваква можност за ДДВ Владата даде и пролетоска кога донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност која се применуваше за време на траењето на вонредната состојба. Во тоа време даночните обврзници имаа можност фактурите, покрај во хартиена форма, да ги издаваат и во електронска форма. Ова е со цел да се олесни работењето на даночните обврзници, како и да се спречи користењето на хартија со цел намалување на ризикот од ширење на коронавирусот COVID-19.

Има и други измени на Законот за данокот на доддадена вредност.


Слично

Поврзани вести