Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова траса од Ранковце до Крива Паланка ќе се гради со средства од Светска банка

Нова траса од Ранковце до Крива Паланка ќе се гради со средства од Светска банка

Вицепремиерот Зоран Ставрески на одбележувањето 93 години од основањето Стопанската комора на Македонија истакна дека целосно  нова траса на потегот од Ранковце до Крива Паланка ќе се гради со средства од Светска банка.

Владата е веќе во разговори со оваа меѓународна финансиска институција и се очекува проектот да биде одобрен наесен.

- Коридорот 8 и 10 се нашите приоритети. Новина е дека Владата е веќе во поодмината фаза на разговори со Светска банка за финасирање на деот од коридорот 8 од Ранковце кон границата со Бугарија. Очекуваме некаде наесен Светска банка да го одобри тој проект и да се исфинасира комплетно нова траса на патот од Ранковце до Крива Паланка во првата фаза, а во втората фаза да следи рекнострукција на патот од Крива Палакна до гранцата со Бугарија и да се интензивира градбата на железничката пруга кон Бугарија, истакна Ставрески.

Ставрески дека во исто време се работи на проектната документација за железничката пруга кон Албанија од Кичево до Лин и оти со европските институиции, односно со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка се разговара и за финасирање на тој проект.

Слично

Поврзани вести