Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ТРАГЕДИЈА: Се удавија 10 мигранти, меѓу нив пет деца!

НОВА ТРАГЕДИЈА: Се удавија 10 мигранти, меѓу нив пет деца!

Најмалку 10 лица утрово се удавиле, меѓу кои се и пет деца, кога чамец во кој се наоѓале 25 бегалци потонал во источниот дел на Егејското море, соопштија грчки претставници.

Крајбрежната стража соопштила дека 13 лица се спасени, а дека две лица се водат како исчезнати.

Се удавиле пет деца, четири мажи и една жена.

Се верува дека тие тргнале од Турција.

Несреќата се случила во раните утрински часови кај малиот грчки остров Фармакониси.

Најмалку 820 000 бегалци и економски мигранти дојдоа оваа година до источните грчки острови, а на отј пат над стотици од нив се удавиле или исчезнале.

Слично

Поврзани вести