Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова средба, нови шанси: Димитров и Коѕијас ќе имаат средба на 12 април

Нова средба, нови шанси: Димитров и Коѕијас ќе имаат средба на 12 април

Шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Никола Димитров и Никос Коѕијас, на 12 април ќе имаат нова средба повторно во Скопје, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Извори од македонското МНР, за МИА пак, велат дека сѐ уште не е одреден термин за нова средба на Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчките медиуми коментираат дека следната седмица ќе биде клучна за преговорите, а во тие рамки ја вклучуваат и новата средба на двајцата министри.

– На 12-ти месецов се очекува да се сретнат во Скопје двајцата министри, според сигурни извори. Да потсетиме дека господинот Коѕијас рече дека на следната средба веројатно и да се направи големиот чекор, објави грчката ТВ Алфа.



Слично

Поврзани вести