Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова средба на Нимиц со Јолевски и Василакис во Њујорк

Нова средба на Нимиц со Јолевски и Василакис во Њујорк
Медијаторот во македонско-грчкиот спор околу името попладнево по македонско време ќе оствари уште една заедничка средба со преговарачите на двете земји - Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Македонската и грчката страна постојано да ги разгледуваат старите идеи бидејќи можеби ќе најдеме нова виталност во нив. Ова беше пораката што медијаторот Нимиц ја испрати до Скопје и Атина по мартовска рунда преговори во Њујорк и тоа среде изборна кампања во Македонија . Притисокот на меѓународната заедница за интензивирање на преговарачкиот процес е очигледен ако се има во предвид дека посредникот излегува од досегашна вообичаена пракса за време на избори преговорите да бидат ставени во мирување што и во овој случај не е така бидејќи сега Грција влегува во изборна трка. Еден од последните предлози на Нимиц беше „Горна Република Македонија“ за меѓународна комуникација. Овој предлог и уште неколку старо - нови сет на идеи со одредени модификации биле разгледувани на последната две средби со преговарачите. Според дипломатски извори од македонската страна се инсистира географската одредница да стои пред зборот „Република“. Кога добивате предлог во кој државата се именува како Македонија, кое не го загрозува нејзиното име, транскрипцијата, ниту географски го ограничува, за што придавката стои пред „Република“, а не пред името Македонија, тогаш е сосема јасно дека идентитетот на македонскиот народ не е загрозен, вели добро упатен извор во преговорите. Екс министерот за надворешни работи Антонио Милошоски неодамна за Фактор оцени дека би било нетактички и осудено на неуспех доколку Македонија предвреме и однапред се изјасни за било што, затоа што потоа би можело да биде саботирано од соседна Атина.
Слично

Поврзани вести