Нова средба на лидерите на партиите
По првата, неуспешна, денеска во Скопје треба да се одржи и втор состанок на лидерската четворка: претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и евро амбасадорот Аиво Орав.
Оваа шесторка ќе се обиде да ги приближи ставовите на лутите политички противници, во очекување на клучната средба во Стразбург, меѓу Груевски и Заев. Засега не е на повидок решение на кризата. Заев бара оставка на Груевски и формирање преодна Влада, а Груевски вели дека нема намера да си поднесе оставка, и дека чинот на реконструкција со смената на неколку министри треба да ги задоволи барањата на опозицијата.
Средбата е закажана за 13 часот и 30 минути во Клубот на пратениците.
Слично
