Уште еден пешак настрада на скопските улици
Нова сообраќајна несреќа се случи вечерва во Скопје. Девојче е прегазено на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Католичката црква.
Девојчето го прегазил автомобил марка „Фиат уно” со скопски регистерски таблици.
Веднаш по настанот девојчето со повреди е пренесено во Ургентен центар.
По ударот девојчето се здобило со скршеница на потколеницата и повреди на неколку пршлени на 'рбетниот столб. Најверојатно таа ќе биде примена на Клиниката на трауматологија и бидејќи има отворена скршеница на ногата ќе биде подложена на оперативен зафат, јави НОВА.
Слично
