Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова рунда разговори меѓу Македонија и Грција, се разговарало за соработка

Нова рунда разговори меѓу Македонија и Грција, се разговарало за соработка

Нова рунда разговори се одржа во Атина за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското Министерство за надворешни работи, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка за приближување на двете општества.

Се разговарало за соработка во транспортниот и во енергетскиот сектор, начини за зајакнување на полициската соработка и за соработката во европските програми, информираат од грчкото МНР.

Двете страни се фокусирале на идеи за нови бизнис-соработки, цивилна заштита, но и на можности за академска соработка, соработка меѓу јавната администрација, здравствениот сектор. Се разговарало и за соработка меѓу дипломатските академии на Македонија и на Грција.

Договорено е следниот состанок за мерките за градење доверба да се одржи во Скопје, на почетокот од месец септември.

Македонија и Грција го потпишаа договорот за мерки за градење доверба лани, на 24 јуни, при посетата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас на Скопје. Претходната рунда разговори беше во април во Скопје, непосредно по тет-а-тет средбата на Коѕиас и на Никола Попоски на маргините на Солунскиот самит за бегалската криза, со која беше ублажена тензијата меѓу двете страни поради инцидентите со бегалците на македонско-грчката граница.

Спорот за името, кој не е тема на овие состаноци меѓу грчкото и македонското МНР, можно е викендов да се најде како тема на агендата на грчкиот државен врв поради посетата на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во грчката престолина.

Слично

Поврзани вести