Нова рунда преговори за политичката криза
Нова рунда преговори на челниците на македоските политички партии за политичката криза се одржува денеска аво Скопје.
Овој дијалог е продолжен после прретходниот неуспешен обид да се дојде до договор за транзициската (преодна) влада.
На состанокот ќе присуствуваат премиерот Никола Груевски, водачот на опозицијата Зоран Заев, како и лидерите на партијата на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи.
Неуспешни претходни преговори
Последниот состанок на лидерите на четирите политички партии во Македонија, со посредство на претставниците на Европската унија и САД е завршен без договор за повеќемесечната политичка криза која владее во земјава.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој нема намера да се повлече од премиерската фотелја, што е услов од СДСМ, претходно го обвинуваше лидерот на таа партија Заев дека го минира договорот и сака да избегне предвремени избори.
ВМРО ДПМНЕ и понуди на опозиицјата супервизија во работата на министерставата за финансии, внатрешни работи, труд и земјоделство.
Опозициската САДМ цврсто останува при барањето за оставка на премиерот Груевски, бидјеќи во таа страница веруваат дека предвремените парламентарни избори, кои според, договорот со европскиот комесар Јоханес Хан, би требало да бидат одржани кон крајот на април 2016 година, не може да ги организира влада која ја предводи човек одговорен за кризата.
Предвремени избори
Нивното последно отстапување беше премиерот да се повлече шест месеци пред одржувањето на предвремените избори.
СДСМ од февруари објавува снимки од наводи разговори на Владини функционери, кои укажуваат на корупција во власта.
Опозицијата ја обвини власта за кршење на основните човекови права во Македонија и покрена кривични пријави.
Владеачката ВМРО ДПМНЕ тврди дека снимките се монтирани и дека Заев е под контрола на странски служби.
