Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова реобдукција за Дениса бара семејството!

Нова реобдукција за Дениса бара семејството!

После потврдените информации од грчките власти дека безживотното тело на младата девојка пронајдено пред 20-тина дена во близина на грчкиот остров Карпатос е на прилепчанката Дениса Маркоска, семејството на 23-годишната девојка побарало повторна обдукција во Македонија по добиените ДНК анализи од Грција, информираше Директорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума.

Семејствто вчера ги дoби резултатите од обдукцијата во Грција, но не и официјален документ за смртта на нивната ќерка. Тие се сомнeваат во истрагата на грчките органи и најавија дека ќе бараат нова обдукција во Македонија.

Според Дума, законот дозволува близок роднина на покојниот да побара приватна обдукција, но сепак мора јавниот обвинител да даде согласност.

Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот на кој работела.

Безживотното тело на млада девојка пронајдено пред 20-тина дена во близина на грчкиот остров Карпатос е прилепчанката Дениса Марковска,
Слично

Поврзани вести