НОВА ПРОВОКАЦИЈА: Каде Шешељ купи куќа?
Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ купил куќа во Хртковци покрај Рума.
Мештаните тврдат дека во понеделникот го виделе како ја разгледува куќата што ја купил.
Тој планираше во Хртковци да одржи митинг на Ѓурѓовден, но властите не му дозволија. Затоа, лидерот на радикалите се одлучил на радикален чекор – купил куќа во центарот на селото, на 300 метри од католичката црква „Свети Климент“. Куќата се води на неговиот син Михаил. Откако не му беше дозволено да одржи митинг, тој кажа дека немало никаква опасност по имотот или луѓето.
Хашкиот трибунал го осуди Шешељ со 10 години затвор затоа што извршил злосторства против човештвото во ова село.
Слично
