Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова пререгистрација на невработените за здравствено осигурување

Нова пререгистрација на невработените за здравствено осигурување
Сите невработени лица и лица со ниски примања од понеделник ќе треба пак да се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги. Крајниот рок е 31 март до кога се очекува да се пререгистрираат 243.000 осигуреници. Станува збор за лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања и за лицата кои прв пат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ. Тие треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година. „Апелирам до сите осигуреници навремено да се пререгистрираат за да се избегнат турканиците и за да не се случи да изгубат некои од правата од здравствено осигурување. Доколку осигуреникот задоцни и еден ден при пререгистрацијата и се направи прекин во здравственото осигурување, тогаш одредени права за кои е потребен шестмесечен континуитет во здравствено осигурување, како за ортопедско помагало, нема да може да ги оствари“, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување Џемали Мехази. Пререгистрацијата ќе продолжи и по 31 март 2014 година, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување.
Слично

Поврзани вести