Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Нова потенцијална инвестиција на турската компанија Sivriler Group!“: би вложиле 25 милиони евра во нов производствен капацитет

„Нова потенцијална инвестиција на турската компанија Sivriler Group!“: би вложиле 25 милиони евра во нов производствен капацитет

Директорот Гоце Димовски денес оствари работна средба со Ахмет Сиври, директор на турската компанија Sivriler Group, која разгледува можност за реализација на нова инвестиција во Македонија,соопштуваат од Дирекцијата.
- На средбата беа презентирани можностите што ги нудат технолошките индустриски развојни зони, условите за инвестирање, како и поддршката која ДТИРЗ ја обезбедува за компаниите во секоја фаза од инвестицискиот процес.

Во рамки на посетата на ТИРЗ Скопје, претставниците на компанијата се запознаа со инфраструктурните капацитети и условите кои се нудат за инвеститорите. 
Истовремено, беше разгледан и инвестицискиот проект, кој предвидува вложување од 25 милиони евра и отворање на повеќе од 100 нови работни места. Согласно првичните планови, инвестицијата на Sivriler Group ќе биде насочена кон воспоставување производствен капацитет кој ќе биде извозно ориентиран - се посочува во објавата на ДТИРЗ.

Воедно Димовски истакна дека ДТИРЗ останува посветена на активното привлекување нови инвестиции и создавање услови за долгорочен развој на компаниите, преку брза и ефикасна институционална поддршка. Тој посочи дека секој инвеститор кој ја препознава Македонија и ТИРЗ како атрактивна дестинација за развој на својот бизнис е доказ дека земјата располага со конкурентни услови и стабилно деловно опкружување.

- Претставниците на Sivriler Group изразија задоволство од условите за инвестирање и од можностите што ги нуди Македонија, нагласувајќи дека посетата претставува значаен чекор во понатамошната евалуација на инвестицијата и продолжување на разговорите за нејзина реализација - нагласуваат од ДТИРЗ.





Слично

Поврзани вести