Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова посета на Нимиц со нов преговарач за Македонија

Нова посета на Нимиц со нов преговарач за Македонија
Посредникот во спорот меѓу Македонија и Грција за разликите околу името Метју Нимиц треба да допатува во регионот следната недела. Најпрвин во понеделник и вторник тој ќе се сретне со македонските власти, а во среда и четврток е во Атина на средба со грчките претставници. За првпат на оваа посета Нимиц ќе има можност да се види со новиот преговарач на Македонија во спорот околу името Васко Наумовски, кој официјално беше назначен пред два дена. За програмата „Гласот на народото“, пред пристигнувањето во Скопје, Нимиц најави дека овојпат очекува голем напредок на средбите со македонските и грчките претставници. „Ќе поминам две деноноќија во Скопје и во Атина со државниот врв на двете земји, на кој се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името“, рече Нимиц, додавајќи дека очекува плодна соработка со новиот македонски претставник во разговорите Наумовски. Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска побара поголем ангажман од клучните членки во НАТО и ЕУ за решавање на спорот околу името кој ги блокира и македонските евроатлантски интеграции. „Најголем ограничувачки фактор во моментов е што нема речиси никаков политички мотив во Грција сериозно да се седне и да се бара решение по однос на ова прашање. Причините се очигледни, бидејќи политичкиот фокус е на домашната сцена и предизвиците со кои се соочуваат, особено во делот на спречување на кризата во еврозоната ја апсорбираат практично целатата енергија која ја имаат. Дополнително, очигледно е дека сакаат да го избегнат ова прашање и да продолжат по патот на неносење одлука ниту во НАТО ниту во ЕУ и одлагање и на решението и на напредокот во однос на членството и почетокот на преговорите. За ова да се промени е апсолутно потребен поголем фокус од поголемите земји-членки на НАТО и на ЕУ“, рече Попоски. Тој вели оти нема најава дали медијаторот при неговата нова посета на регионот ќе донесе и ново предлог-решение за спорот меѓу Скопје и Атина.
Слично

Поврзани вести