Нова поголема група на имигранти во Велес
Синоќа околу 19 часот беа откриени нова група од триесет и двајца имигранти, на железничката станица во Велес. Полицијата ги привела од патничкиот воз кој сообраќа на релација Гевгелија - Скопје. Илегалци биле претежно мажи на различна возраст, но и две жени со три деца. Се претпоставува дека они најверојатно дошле од Пакистан. Биле исплашени и стравувале од последиците на илегалното патување кое за нив завршило на железничката станица во Велес, пренесува Дума.
Групата мигранти неколку часа останале во чекалната на железничката станица за потоа да биде префрлена во прифатниот центар Југ. Ова е последна поголема група на бегалци од Блискиот исток откриена во Велес. Инаку сеуште пругата од Гевгелија кон Скопје е најчеста транзит патека за нив кои сакаат својот живот да го продолжат во една од европските земји.

