Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова одлука во Србија: Децата вратени од странство 10 дена во изолација

Нова одлука во Србија: Децата вратени од странство 10 дена во изолација

Кризниот штаб на Србија препорача десет дена карантин за деца кои се враќаат од странство. Донесена е одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до еден час по полноќ, додека работата на трговските објекти е продолжена до 23 часот. Максималниот број на луѓе во затворени простории и на јавни собири на отворено се зголемува од 10 на 30.

Заменик-директорот на Институтот за јавно здравје Дарија Кисиќ Тепавшевиќ, по седницата на Кризниот штаб, рече дека препораката е за родители чии деца патувале во странство да поминат 10 дена во самоизолација.

Според неа, доколку тој период се совпадне со започнувањето на училиште, тие деца ќе следат часови преку интернет.

„Ова е дополнителен вид на претпазливост на кој апелираме родителите да ги чуваат своите деца дома, не само што да не ги праќаат на училиште, туку и да не дозволуваат децата во тој временски период да ја напуштат куќата затоа што тие се потенцијални носители на инфекцијата“, објасни Кишиќ Тепавчевиќ.

Кисиќ Тепавчевиќ вели дека нема причина за страв, имајќи предвид дека учебната година започнува и дека дрќавата е подготвена за сите форми на настава - од целосен пристап до интернет до настава во училиште.

"Најдоброто решение е секако настава во училиште, сè друго е компромисно решение во зависност од епидемиолошката состојба и знаеме колку е важна социјализацијата. Ова е специфично заминување на училиште и ситуацијата ќе се следи на дневна основа, како и отсуствата", рече таа.

Таа додаде дека се дадени препораки за училиштата, кои треба да се следат и кои ќе ја намалат веројатноста за пренесување на вирусот на минимум.

Кризниот штаб одлучи да го зголеми максималниот број на дозволени лица на јавни собири на отворени и затворени простори од 10 на 30 лица.


Слично

Поврзани вести