Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова незгода кај Куманово, превртен шлепер!

Нова незгода кај Куманово, превртен шлепер!

Нема крај на маките и сообраќајните незгоди по патиштата на Македонијава.

kamion kumanovo 2

Нова незгода се случи денес на  автопатот кај Куманово при што се преврте шлепер со  бугарски регистерски таблички.

Според она што го пренесуваат медиумите, возачот се здобил со повреди, возејќи по автопатот во правец од Миладиновци кон Куманово, пред Куманово возачот најверојатно загубил контрола врз возилото, по што шлеперот ја пробил банкината, влетал на спротивната сообраќајна лента и се превртел.

kamion kumanovo 1

Други повредени нема, полицијата е на местото на настанот и се врши увид.

(Фото: Фејсбук-Ѕид на сообраќајниот срам)

Слично

Поврзани вести