НОВА МОДА ВО ПОЛИТИКАТА: Одлуки на одложено!
СДСМ бара нов датум за предвремените парламентарни избори. Доколку власта реши да се одржат на 24 април ќе бидат бојкотирани.
Во меѓувреме министрите Спасовски и Ременски остануваат во Владата на Димитриев, но ќе поднесат одложени оставки што ќе се реализраат доколу на 24 февруари се распушти парламентот.
Ваквата одлука на СДСМ е своевиден пандан на одлуката на ВМРО ДПМНЕ за одложено распуштање на парлaмeнтот на 24 февруари. Имено пред неколку дена владејачката коалиција донесе одлука парламентот да се распушти на крајот на февруари, иако за експертите е спорно што се носи одлука со одложено дејство.
Ваквите условувања во политиката стануваат се почести. Минатата недела и Груевски поднесе оставка, која беше условена со датумот на избори, па подоцна Трајко Вељановски ја прифати.
Инаку како што изјави вчера Заев за СДСМ неприфатливи се избори без навремено прочистен Избирачки список и без навремена регулација на медиумите.
Слично
