Нова мерка за грозјето на седница на Влада: Опфатени повеќе сорти
Владата денеска ќе ја одрижи деветата седница. На дневен ред, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе биде разгледана Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа година.
„Во програмата се донесува нова дополнителна подмерка за директни плаќања за произведено и предадено грозје за сортите: смедеревка, вранец, бургундец црн, станушина, кратошија, жилавка, кадарка во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, согласно претходно донесен заклучок, стои во известувањето од Влада.
Слично
