Нова маршута низ Скопје, опозицијата на протест тргнува од Ѓорче Петров
И за денеска нова маршутата на опозицискиот караван. Собирното место е најавено кај „Баумарект“ („Жито Велес“) во населбата Ѓорче Петров точно на пладне.
Караванот ќе се движи по булеварот „Ѓорче Петров“ кон населбата Влае, преку булеварот „Партизански одреди“, преку мостот „Обединети нации“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“ каде ќе врти лево во населбата Карпош по улиците „Разловечко Востание“, „Љубљанска“ и „Илинденска“.
Колоната е предвидено по булеварот „Илинден“ да пристигне до Владата на РМ.
Засега нема одговор од Владата и премиерот Груевски на се помасовните протести на опозицијата и нејзините поддржувачи по скопските улици.
Вчера потпретседателот на СДСМ Гордан Ѓеоргиев најави засилување на протестите и низ другите градови во Македонија како одговор на според нив продолжувањето на „тоталитарното владеење на Груевски“, посебно по последниот потег на власта за менување на собранискиот правилник за работа, во отсуство на опозицијата во Парламентот.
Слично
