Нова македонска пролет
Политичката криза во земјава повторно се распламти. Непосреден повод за најновите немири е одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да се запрат постапките против сите претставници на власта и опозицијата во аферата „Прислушување“. Корените на протетстот, се меѓутоа, неспоредливо сериозни и всушност се резултат на повеќегодишниот „судир“ на власта и опозицијата. Кризата е многу сериозна, и доколку опозицјата, како што најави, ги бојкотира парламентарните избори закажани за почетокот на јуни, ќе биде уште повеќе продлабочена, што е закана за туркање на земјава во целосен хаос.
Речиси година дена поминаа откако долгогодишната распламтеност се изли на улиците, претворајќи фигуративна блокада на земјата во физички клинч на приврзаниците и противниците на власта. Антивладини демонстрации и контрапротести, повредени граѓани и полицајци, взаемни обвинувања на најголемите партии-се тоа престана после неколку месеци на мачни преговори под нескриените притисоци на странските сили.
Спогодбата од Пржино требаше да обезбеди демонтирање на механизмите со кои премиерот Никола Груевски, како што му се става на плеќи, ги купувал и изнудувал гласовите, наместувал судски процеси, прислушувал 20 000 луѓе и апсолутистички владее со државата. После тоа граѓаните на избори, под услови фер за сите партии, би ја избрале онаа која сакаат да управува во наредните четири години.
Денес, граѓаните повторно ги преплавија улиците, повредените на демонстрации се пренесени во болница, политичарите се препираат на цел глас, странците притискаат, додека изборите, кои требаше земјата конечно да ја извлечат од кризата, се закажани но главната опозициска партија одбива да учествува на нив, бидејќи како тврди, механизмите со кои Груевски оневозможува слободно изјаснување на граѓаните не се поништени.
Ни периодот во кој преодната влада, во која седеше и опозицјата, требаше да ги пречисти избирачките списоци и преземе разни мерки за да подготви фер избори не помина лесно. Опозицијата веќе некое време предупредува дека 5 јуни датумот преместен после 24 април, ќе биде преран за избори бидејќи кадрите на Груевски ги блокираат потребните промени. Два и пол месеци пред иборите е востановено дека на гласачкиот список се спорни дури шестина од имињата, дури 310 000. На Специјалното обвинителство, формирано за да ја утврди вистината околу масовното прислушување и други афери, едвај му е овозможено да ги ангажира сите нужни кадри и да почне со работа.
Конечна ескалација и негодување, макар привидно,од сите страни предизвика одлуката на претседателот Иванов да ги аболицира сите политичари, и во власта и опозицијата против кои се покренати кривични постапки. Ни тоа соломонско решение за аферата која во суштина на кризата не беше очекувано, бидејќи уставниот суд неодамна му даде на Иванов можност тоа да го направи. НО, во атмосфера на пригушена напнатост, во која двете страни, без разлика на примирјето, продолжија привремено да се „препукуваат“ додека изборите се ближат, како за повторно отворање на војната само да се чекаше повод, кој го сервираше Иванов.
Сега на странските сили им преостанува да го примораат Груесвки на уште едно одложување на изборите или, судејќи по се да го пуштат да победи, што не би им било драго. Дотолку можеби Иванов им направи и услуга, под услов да се точни наведувањата дека истражувањата на јавното мислење покажуваат дека Груевски и понатаму има предност. Претседателот, иако и припаѓа на власта, и даде на опозицијата совршен изговор за демонстрации и одложување на изборите.
Се на се, скандалот кој го приреди Иванов на некој бизарен начин им одговара на сите освен на граѓаните, кои се вратија таму каде што беа пред година дена, во најлошата криза.
Македонија почнува да личи на Турција: некогашниот миленик на Западот-во време кога Груевски, тогаш уште клаисчен „штребер“ на транзиционен ученик, ја трансформираше националистичката партија во еврофилна сила, ја дерегулираше економијата и продаваше државни компаниии на странците-закочи во евроинтеграциите поради надворешните проблеми и недовршено преобразување одвнатре. Се поголемата авторитарност на Груевски, со економскo запрепастување, само ја оддалечуваше државата од Брисел, за да тогаш премиерот одеднаш ја открие својата љубов кон Русија-таа, вистина , уште не е прекината како идила меѓу Ердоган и Путин.
Многумина веруваат дека Македонија стана боиште на кое Западот и Москва се борат за влијание на Балканот. Нејасна е и улогата на албанскиот фактор. Јасно е дека не сите се откажале од Голема Албанија, но после минатогодишниот упад на група вооружени Албанци, со кои полицијата се пресмета во Куманово, останаа многу конфузии.
Неприврзаниците на Груевски веруваа дека тој ја донел или макар пуштил таа група на македонска територија како би го оттргнал вниманието од аферата „прислушување“. Тие претпоставки се само поткрепени со тврдењето на српската Военобезбедносна агенција дека однапред ги предупредила македонските колеги на опасност, но дека тие реагирале, како и изјавата на Иванов дека таквата информација била проследена и од Западот.
Како и да е, што и да се случува, граѓаните бараат мир, спокој и место за живот во оваа земја кој за нив е се. Се надеваат на подобро утре и пристоен живот, поголеми плати отколку сегашните за преживување.
Пролетта се надѕира. А каква ќе биде дали убава и топла, вистинска, останува да видиме.
ИС.
