Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

НОВА ЛИСТА: Познато е кои се десетте најбогати држави во светот

Катар останува најбогата земја во светот. 

Врз основа на последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд, составена е листа на 10 најбогати земји на светот. 

Земен е в предвид  бруто домашниот производ по жител. 

Врз основа на овој  важен статистички податок се мери богатството на една земја. 

Дел од земјите со години се на оваа листа и се синоним за богатство. 

10-те најбогати земји во 2020 година, според БДП по глава на жител се:

1. Катар: 138,9 илјади САД долари;

2. Макао: 113,4 илјади САД долари;

3. Луксембург: 112 илјади САД долари;

4. Сингапур: 105,7 илјади САД долари;

5. Ирска: 87 илјади САД долари;

6. Брунеи: 85 илјади САД долари;

7. Норвешка: 79,6 илјади САД долари;

8. Соединети Арапски Емирати: 70,4 илјади САД долари;

9. Кувајт: 67,9 илјади САД долари;

10. Швајцарија: 67,6 илјади САД долари.

Извор- Стопанска Комора на Македонија

Слично

Поврзани вести