Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова лидерска средба со комесарот Хан во вторник

Нова лидерска средба со комесарот Хан во вторник

После трите средби на политичките лидери на трите најголеми партии комесарот за соседска политика, Јоханес Хан во вторник ќе допатаува во Скопје.

Тој ќе присуствува на средбата на четворицара лидери, Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, но без тројцата европратеници, Вајгл, Кукан и Ховит, кои беа дел од преговорите во Стразбур.

- Комесарот доаѓа со цел пред политичките партии ќе ги потенцира итната потреба за изнаоѓање на решение на кризата што и потребата на осврнување на предизвиците за земјата - вели Маја Коцијанчиќ, порпаролката на Комесарот за проширување и соседство.

Овој пат средбата ќе се одржува во резиденцијата на амбасадорот Орав.

На досегашните одржани три средби лидерите не успеаја да постигнат никаков договор ниту за рамката, ниту за формата на преговорите.

Засега сите страни остануваат на своите ставови.

Лидерот на опозицијата бара преодна Влада, и оставки на премиерот и сите лица што се спомнуваат во така наречените бомби.

Слично

Поврзани вести