Нова индустриска зона кај Ранковце
Со површина од 40 хектари ќе биде индустриската развојна зона Ранковце за која денеска ќе биде поставен камен-темелник.
На почетокот на градежните работи на новата зона ќе присусвтуваат премиерот Никола Груевски, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и претставници на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони и на локалната самоуправа во Крива Паланка.
Засега нема најави кога првите компании ќе започнат со работа од оваа зона.
Технолошко-индустриски развојни зони досега има во Скопје, Битола, Тетово и Штип, а планирани се и во Гевгелија, Струмица,Прилеп, Кичево, Струга и Радовиш.
Слично
