Нова фирма ќе ги чува спомениците во Центар
Општината Центар склучи договор со фирмата „МДН Обезбедување“ ДОО Скопје, која ќе биде задолжена за обезбедувањето на спомениците на терторијата на оваа општина. Оваа задача претходно им беше доделана на агенцијата за обезбедување ЛУПУС, но како што велат од општината, договорот завршил. За обезбедувањето општината на новата фирма ќе и плати близу 120.000 евра. Договорот е со времетраење од две години. Од општината велат дека согласно договорот новата фирма ќе ги има обврска 24 часа да ги чува сите фонтани и спомен обележја кои се поставени и кои во следниот период ќе се постават а кои се во сопственост на Општина Центар, а обезбедувањето ќе се вршело патролно и физички, со цел да се спречи уништувањето на спомениците.
Слично
