Нова фабрика во ТИРЗ Тетово, „Леар“ ќе вработи 2.000 луѓе
Во индустриската зона во Тетово се отвора новата фабриката на американската компанија „Леар“.
Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, соопшти дека ќе бидат вработени околу 2.000 луѓе. „Леар“ за почеток ќе вработи околу 300 луѓе, со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина, а со текот на времето бројот на вработени ќе расте.
Министерот Веле Самак заедно со највисокиот менаџмент на американската компанија „Леар“ во присуство на претставници на Владата и локалната самоуправа ќе го назначат отворањето на новоизградената фабрика во Тетово.
Новата фабрика се простира на 12.000 метри квадратни е реализација на првичниот план на „Леар“ со инвестиција вредна над 15 милиони евра. Фабриката има врвна машинерија и производни капацитети за сечење кожа и платно, магацин и канцелариски простории.
Леар првично започна со работа на браунфилд локација во Гостивар преку вработување на 300 лица со вештини за кроење и шиење на кожа и ткаенина за производство на автомобилски навлаки за седишта. Денеска фирмата ги отвара вратите на новата фабрика во ТИРЗ Тетово.
