Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова фабрика во Бунарџик и работа за 200 луѓе

Нова фабрика во Бунарџик и работа за 200 луѓе

Kамeн темелник денеска ќе биде поставен за изградба на фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт во Технолошко индустриската развојна зона Скопје. 

Станува збор за инвестиција која „тежи“  10 милиони евра. Фабриката ќе отвори 200 работни места.

ФПЦ Технопласт се занимава со  производство на пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија 

Производството како што е најавено ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.

Сепак, во изминатиот период од експертите имаше критики за субвенционирањето на странските компании. Иако добиваат субвенции од државата, по одреден период си заминуваат од Македонија. 

Во изминатиот период „Висетон електроникс“ ја напушти земјава, во „Веибо груп“ во Ранковце имаше  откази за работниците,  а холандската „Стил кон“ доцни со плати. 

Домашните компании сметаат дека е добро да имаат исти услови како и странските инвеститори. 



Слично

Поврзани вести