Камен-темелникот на оваа фабрика беше поставен минатата година во септември. Во јануари годинава Владата донесе одлука за давање согласност на договорот за доделување на државна помош во облик на даночни олеснувања на оваа турска компанија, појаснувајќи дека одлуката е во согласност со Законот за ТИРЗ и мерките од „Планот за економски раст“ кои беа промовирани од Владата на Република Македонија.
Станува збор за инвестиција во висина од 3,5 милиони евра која до 2020 година е предвидено да создаде најмалку 60 нови работни места.
На почетокот на производството на фабриката „Чагатај Кабло“ ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ТИРЗ Александар Младеновски и сопственикот на компанијата, Ахмет Короглу.
