Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова евтина авио линија Скопје – Женева

Нова евтина авио линија Скопје – Женева

Од утре ќе може да летате директно од Скопје до Женева за само 40 евра.

Ова е нова авио линија која денеска беше промовирана од страна на  менаџмент на „ТАВ Македонија“ и засега оваа линија ќе биде достапна еднаш во неделата.

Најавени се и два лета за време на шпицот на сезоната во летниот период.

Оваа директна авионска линија ќе ја опслужува швајцарската компанија „Свис“ и истата е од голем интерес за иселениците од Македонија смета директорот на ТАВ Македонија Зоран Крстевски.

Во првите три месеци со двете воведени линии Базел и Цирих се реализирани 2.932 полетувања и слетувања а бројот на патници кои патувале е 264.213.

Ова е трета линија која е воведена а Бернард Водл, директор на „Свис“ на промоцијата изрази задоволство што успеале во нивната мрежа, која постојано ја прошируваат, да го воведат и Скопје.

Швајцарската компанија од скопскиот аеродром до Женева ќе оперира во вторник попладне.

Слично

Поврзани вести