Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ЕПАРХИЈА – дали ќе ги смири Македонците во Австралија?

НОВА ЕПАРХИЈА – дали ќе ги смири Македонците во Австралија?
На повидок е решение на црковниот спор помеѓу МПЦ и македонските црковни општини во Австралија. Со митрополитот Тимотеј е постигната начелна согласност за нацрт епархиски статут и законска конституција, со која може да се регистрира нова црковна епархија во Австралија. На чело на епархијата би била архиереј назначен од Синодот на МПЦ. Притоа статутот им го признава правото на 12 Македонски православни црковни општини во Австралија, кои меѓу себе имаат 14 храмови, да останат регистрирани како посебни правни лица, со право да стекнуваат, поседуваат и управуваат со свој имот за потребите на својата локална заедница. „Сите тие општини би членувале во новорегистрираната Епархија и би вложувале дел од своите приходи во касата на Епархијата, која исто така ќе има можност во свое име да стекнува, поседува и управува со свој имот. Митрополитот Тимотеј би бил надлежен за назначување и водење на сите свештеници во Епархијата, во согласност со локалната црковна општина која е надлежна за нивно вработување“, појасни претседателот на Здружението на македонски заедници во Австралија Игор Александров. Нацрт-статутот сега треба да биде усвоен на собрание на сите Македонски православни општини во Австралија кои би членувале во Епархијата, а потоа да биде одобрен и на седница на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ. Сепак, ова решение ќе важи само за 14 храмови во Австралија, кои Синодот во 2012 ги прифати под своја надлежност, додека 14 други храмови остануваат под надлежност на владиката Петар, кој останува администратор австралиско-новозеландски. Спорот меѓу владиката Петар како претставник на МПЦ и македонските црковни општини во Австралија настана заради црковниот имот и правото на располагање со него, за што сеуште се водат процеси пред австралиските судови.
Слично

Поврзани вести