Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нова едиција на преводи финансирани од Владата

Нова едиција на преводи финансирани од Владата

Вкупно 133 милиони денари (околу 2,2 милиони евра) ќе чини преводот на 366 капитални дела од филозофијата, психологијата и историјата, со кој се зафаќа Владата преку Министерството за култура. Денеска беа промовирани првите 10 книги од новата преведена едиција.

До крајот на годинава се предвидува да се преведат уште 50 книги, а проектот треба да финишира до 2017 година. Според премиерот Никола Груевски, преводите се од големо значење заради недостигот на ваква литература на македонски јазик.

„Со овој проект ќе се постигне значителен временски скок со кој македонската наука ќе ги достигне стандардите на многу постари и развиени научни културни средини, во смисла на преведени дела на мајчин јазик од овие области“, рече Груевски.

Според министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, овие дела ќе бидат од големо значење во универзитетската настава и истражување, а студентите ќе имаат можност, преку квалитетната научна литература, да бидат во тек со современите научни сознанија.

На денешната промоција, беа претставени пет наслови од областа на филозофијата, три од областа на историјата и две преведени дела од областа на историјата.

Слично

Поврзани вести