Економија, финансии, бизнис

Контакт

“Нова демократија” прави сé што е можно да се избегнат предвремени избори

“Нова демократија” прави сé што е можно да се избегнат предвремени избори

Лидерот на грчката опозициска партија "Нова демократија", Евангелос Меимаракис доби од претседателот на земјата, Прокопис Павлопулос прелиминарeн мандат за формирање на влада, соопштуваат грчките медиуми.

Водачот на грчките конзервативци го добил по мејл синоќа мандатот од претседателството. Денес тој се состана со шефот на државата, за да го добие и официјално.

Меимаракис истакнал дека ќе го почитува врачениот мандат. Според Уставот секој прелиминарнен мандат трае три дена. Се очекува шефот на "Нова Демократија" да почне веднаш со консултации. Тој ќе се сретне со лидерот на "Потами" Ставрос Теодоракис, со лидерката на ПАСОК Фофи Генимата, со генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцумбас, а исто така и со водачот на Левата платформа во СИРИЗА Панајотис Лафазанис, за да констатира дали би можел да смета на нивните гласови во парламентот за формирање влада.

Евангелос Меимаракис не прецизира дали ќе се сретне со лидерот на "Независни Грци" Панос Каменос, но не ја исклучува можноста да се сретне и со возачот на неонацистичката "Златна зора" Никос Михалолиакос, ако партиските органи дадат одобрение за таква средба.

Меимаракис беше обвинет од ПАСОК дека оди на консултации со една партија која не припаѓа на демократскиот простор.

Останатите партии исто така, рекоа дека не сакаат да прават консултации со "Златна зора". Извори од "Нова демократија" не го исклучуваат партискиот лидер да му врати на претседателот утврдување за мандат пред истекот на тридневниот рок.

Подоцна Меимаракис соопшти дека ќе стори сé за да избегне предвремени избори. Меимаракис истакна дека ќе се обиде да состави влада со партиите од сегашниот парламент, за да ги избегне негативните последици од едни предвремени избори.

Пред новинарите Меимаракис соопштил дека новите во септември предвремените избори се "бескорисни" и дека тој ќе се обиде да формира влада, за да ги избегне "сите негативни последици кои овие избори би можеле да ги предизвикаат на многу долго време".

Слично

Поврзани вести