Економија, финансии, бизнис

Контакт

НОВА ДЕМОКРAТИЈА ОПОМЕНУВА: Да нема зелено светло ако договорот е на рати

НОВА ДЕМОКРAТИЈА ОПОМЕНУВА: Да нема зелено светло ако договорот е на рати

Од Нова демократија опоменуваат Владата да не даде однапред зелено светло за интеграција на земјава во НАТО и ЕУ, а усогласувањето на договорот во иднина да биде на рати. 

Портпаролката на партијата, Марија Спираки, коментирајќи ги последните написи во грчките медиуми, според кои, како што утрово објави МИА, предвидена е етапна имплементација на евентуалниот договор, вели дека „грчкиот премиер е подготвен за компромис“.

„Нова демократија ја предупредува Владата да не се согласи однапред за било каков договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во ЕУ и зелено светло за членство во НАТО“- вели Спираки. 

Таа вели дека незамисливо е Грција однапред да го предаде преговарачкото оружје што го поседува и да очекува во иднина усогласување на рати од страна на нашата соседна земја. 

Слично

Поврзани вести