Нова цена на струјата од 1 јули!
Како и секоја година, и оваа пресметката за новата цена на струјата ќе биде завршена до крајот на јули.
Новата цена на електричната енергија што граѓаните ќе ја плаќаат ќе важи до 1 јули 2015 година. Во Регулаторната комисија за енергетика во моментов се прават пресметките, објави весникот Вечер.
Лани од 1-ви јули струјата поевтине за 4,48 отсто. Како главна причина за поевтинувањето на цената на струјата се посочи тоа што беше утврдено дека компаниите оствариле повеќе приходи во споредба со првично планираното. Како ќе биде годинава, останува да се види.
Претходната година, 2012 та, струјата поскапуваше два пати, а тогаш вкупно цената се зголеми за околу 20 проценти.
Слично
